Спалети ја „прегази“ конкуренцијата во изборот за тренер на сезоната во Италија

По убедливата сезона во Серија А, тренерот на Наполи, Лучијано Спалети убедливо победи во изборот за тренер на годината во Италија. 

Наполи по цели 33 години е повторно шампион во Италија, а тренерот од Тоскана титулата ја донесе на убедлив начин. Во изборот за тренер на годината дилеми немаше. Спалети ги победи Италијано и Инзаги, кои завршија на второто и третото место.

Спалети најави дека му е потребен одмор од фудбалот, па ќе паузира од менаџирањето една сезона. Прв кандидат да го наследи е Винченцо Италијано.

В недела пред натпреварот против Сампдорија, на Спалети ќе му биде врачена наградата за тренер на годината.