• Зоран Мишевски

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети откри дека Мауро Икарди го посрамотил клубот пред мечот од Лига Европа против Рапид Виена. На Аргентинецот му беше одземена капитенската позиција, откако реши да не отпатува со тимот во Австрија.
„Посрамотени сме и нема да го имаме Мауро за мечот со Рапид. Сепак, ќе го замени Лаутаро Мартинез кој го покажа квалитетот против Парма и тој ќе биде прв наш избор во Австрија“, изјави Спалети.
Одземањето на капитенската лента настанало заради одбивањето на Икарди да отпатува во Виена, но се шпекулира дека зад оваа негова одлука стои барањето на неговиот менаџер Ванда Нара за зголемување на платата.
Ваквата комуникација, посебно сред сезона, не им се допадна на челниците на Интер, кои го повлекоа првиот чекор и го казнија Аргентинецот. Скоро извесно е негова продажба следното лето.