Спалети: Елмас е феномен, не може секој да ги разбере неговите карактеристики

Новиот тренер на Наполи, Лучијано Спалети, кој на клупата го наследи Џенаро Гатузо, со победата ја започна својата ера во наполитанскиот клуб. Тимот од под Везув со убедливи 12-0 славеше над нискологашот Баса Ауниа, а серијата голови на калчолигашот ја започна македонскиот репрезентативец, Ељиф Елмас.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Деби голот на Елмас под водство на Спалети

Искусниот стратег не го криеше задоволството што може да смета на фудбалер како Елмас, велејќи дека тој може да одговори на повеќе позиции на теренот и затоа смета дека во своите редови има феномен.

„Не може секој да ги разбере карактеристиките на Елмас. Ги има премногу. Може да има повеќе улоги во тимот. Забелешките од тренинзите ги кодира и ги носи дома. Може да игра во средината на теренот, во офанзивата, на крило, во нападот... Веројатно во тимот имаме фаномен. Тој ќе биде важен играч на Наполи, јас го гледам многу добро во тимот. Можеби најдобро негово место е вистински фудбалер за врска, затоа што секогаш знае што да прави со топката“, вели Спалети.

Вистинскиот тест на Наполи во подготвителниот период ќе биде Баерн Минхен, натпревар кој се игра во Германија на 31 јули.