Спалети е изборот на новите газди, Њукасл ќе добие Италијанец за менаџер

Секој ден се очекува „зелено светло“ и можност Њукасл Јунајтед да премине во саудиски раце. Штом клубот ќе биде купен од единствената понуда на маса, ќе започнат трансакциите за нови фудбалери и стручен штаб за следната сезона. Италијанскиот стручњак Лучано Спалети е главен кандидат за нов тренер на Њукасл.

Првите желби на новите газди на Њукасл беа Маурисио Почетино и Макс Алегри, но двајцата не ја прифатиле ниту идејата за работа во новиот гигант, па третата опција е најактуелна во моментов. Поранешниот тренер на Интер, Рома и Зенит Санкт Петербург е под договор со Интер, по неговото разрешување минатото лето.

Њукасл ќе го исплати договорот со Интер и ќе го донесе Спалети на „Сент Џејмс Парк“, пишуваат италијанските медиуми. 61-годишниот тенер во својата кариера освои два Купа на Италија, еден Суперкуп на Италија, Купот и Суперкупот на Русија и две титули во Премиер лигата на Русија.