ВИДЕО: СПАЛ се одјави од Серија А со пораз од Фиорентина на „Паоло Маца“

Фиренца

Испаднатиот СПАЛ загуби на домашен терен против Фиорентина (1-3) во последното коло од тековната сезона во Серија А.

  • Извештај од натпреварот: 

Почетокот донесе подобра игра на гостите од Фиренца, кои први го зададоа ударот. По една одлична акција, со многу комбинаторика и додавања, Данкан го измами Нгање по половина час игра.

Следуваше одговор на домашните фудбалери пред самата пауза. Виновник за нерешениот резултат по првиот дел беше Д'Алесандро, кој зафати еден волеј, по асистенција на Валоти.

Се чинеше дека двата тима се задоволно со еден бод, но пред крајот Куаме испрати прецизен удар со глава за 1-2, на радост на „виолетовите“, кои во надополнувањето постигнаа уште еден гол, овојпат од белата точка преку Пулгар.

Денес ќе биде комплетирано колото со кое ќе се спушти завесата во најдоброто италијанско клупско натпреварување.