ВИДЕО: Спахиу го промаши невозможното, клупата на Тиквеш остана во неверување!

Првата македонска фудбалска лига отсекогаш ни носела многу интересни моменти, исполнети со многу убави голови, но понекогаш и со епски промашувања. Таков беше случајот со младиот офанзивец на тиквеш, Едиз Спахиу, кој на натпреварот против Работнички го промаши невозможното. 

Се играше 62. минута кога напаѓачот доби прекрасна топка во поле и истрча сам кон голот на Алексовски, со одличен потег се ослободи од него и тргна сам кон празната мрежа, но на крајот биеше силно и над пречката на „романтичарите“. 

Некои моменти се навистина чудни и несекојдневни, па затоа би било објективно да кажеме дека ова промашување е веројатно од најголемите во историјата на елитниот македонски фудбал. За жал, Спахиу не успеа да му помогне на својот Тиквеш, кој остана на само еден триумф по пет одиграни кола и замина од Скопје со сигурен пораз (3-1). 

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија очигледно има мали проблеми да се врати на виситинскиот колосек од минатата сезона, но радува офанзивната игра на тимот кој создава убави шанси, па веројатно враќањето на добрите резултати е само прашање на време.