СП У20: Познати полуфиналните парови, „аѕурите“ најзвучно име

Во текот на вчерашниот ден се комплетираа четвртфиналните пресметки на Светското првенство за фудбалери до 20 години, кое се игра во Аргентина. 

Селекцијата на Јужна Кореја ја совлада Нигерија со 1-0 (0-0) по продолженија. Долго немаше погодоци на средбата, регуларните деведесет минути завршија со 0-0. На стартот на првото продолжение, по пет минути игра Сеок Хиун Чои донесе предност, а потоа и победа за Корејците. Нешто полесно до целта стигнаа фудбалерите на Уругвај, совладувајќи ги Соединетите Американски Држави со 0-2 (0-1). Резултатот го отвори Андерсон Дуарте во 21. минута, за потоа во продолжението Виндер да си даде автогол. 

  • Полуфинални парови на СП У20:

Уругвај - Израел
Италија - Јужна Кореја

Полуфиналињата се на програмата на осми јуни. Дуелот меѓу Уругвајците и Израелците се игра во терминот од 19:30 часот, додека во 23:00 истиот ден Корејците ќе ги предизвикаат „аѕурите“. Токму Италија е најзвучно име во полуфиналето, меѓутоа на младинските првенства сè е можно.