• Мартин Танасковски

Светското првенство (СП) во Катар е последното кое го гледавме, а беше по оној стар формат во кој досега се играа Мундијалите. Собирот на најдобрите селекции во 2026 година ќе биде во ново руво, со зголемен број на учесници.
На СП 2026 во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико ќе играат вкупно 48 репрезентации. Шеснаесет од нив ќе доаѓаат од европскиот континент. Советот на ФИФА ја потврди новата одлука на состанокот.
Настанот во 2026 година ќе се игра во 16 градови. Ќе има дванаесет групи со по четири репрезентации, а во наредната фаза одат најдобрите две репрезентации од секоја група, плус осумте најдобри третопласирани селекции. Наместо досегашното осминафинале, нокаут-фазата ќе стартува со 1/16-финалињата, што значи дека елиминациската фаза ќе брои 32 од вкупно 48 учесници.
Според новитетите, на следното Светското првенство, кое е за неполни четири години, ќе се одиграат вкупно 104 натпревари.