• Иван Димовски
Наредното Светско првенство кое ќе се одржи во 2026 година во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико го доби својот прв термин.
Мундијалот во Северна Америка ќе стартува на 11 јуни и ќе се игра на легендарниот мексикански стадион „Астека“. Џани Инфантино на официјалната промоција на распоредот го потврди првиот термин за воведниот натпревар.
Mexico City
Estadio Azteca
11 June 2026The #FIFAWorldCup 26 opening match is coming to Mexico!
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) February 4, 2024
Мексиканците ќе имаат шанса да уживаат во првиот меч на Светското првенство. Вкупно 104 натпревари ќе се одиграат во 16 градови организатори во трите земји домаќини.