ВИДЕО: Соучек доби копачка во глава, Вест Хем минимално го „среди“ Евертон

Екипата на Вест Хем Јунајтед забележа нова голема победа во англиската елита, откако на гости кај Евертон славеше со минимални 0-1 (0-1), во натпревар од осмото коло кој беше одбележан по тешката повреда на првата ѕвезда на лондончани, Томас Соучек. 

  • Извештај од натпреварот:

Иако се очекуваше дека по ремито со Манчестер Јунајтед, Евертон, ќе им се вратат на позитивните резултати во Премиер лигата, сепак, „карамелите“ одново ги разочараа своите фанови. На својот „Гудисон Парк“, Евертон делуваше тотално немоќен против лондончани и сосема заслужено впиша нов пораз на своето конто.

„Чеканите“ пак брзо се „отрезнаа“ од поразот од Брентфорд во претходното коло и може да жалат што денес не извојуваа поубедлива победа. Момците на Дејвид Мојс одиграа фантастично во Ливерпул и испуштија неколку големи прилики за погодок, а човек на одлука беше дефанзивецот Огбона, кој на асистенција на Бовен во 74. минута ја смести топката во посакуваната цел и донесе голема победа за својата екипа.

Но, во редовите на Вест Хем нема простор за славје, бидејќи веднаш по голот на Огбона, најдобриот играч на тимот Соучек се здоби со тешка повреда откако Рондон со копачката го удри директно во главата.

Со оваа победа Вест Хем направи скок од четири места на табелата во Премиер лигата и со 14 бода ја зазде шестата позиција.

Состави

Rafael Benitez

4-4-1-1

    Дејвид Мојс

    4-2-3-1