ВИДЕО: Сотил двоен стрелец, Фиорентина му даде СЕДУМ гола на ЛАСК во КЛ

Екипата на Фиорентина го продолжува победничкиот поход и извојува нов убедлив триумф во Конференциската лига, откако славеше со убедливи 7-0 (3-0) над ЛАСК од Линц во натпреварот од петтото коло. 

  • Фиорентина - ЛАСК 7-0

„Виолетовите“ без никакви проблеми го надиграа австрискиот претставник, а играч на натпреварот беше Рикардо Сотил, кој постигна по еден гол во двете полувремиња. На паузата домаќинот водеше со високи 3-0, а до крајот во листата на стрелците се запишаа уште Иконе, Ричардсон, Гудмундсон и гостинскиот дефанзивец Филип Стојковиќ, кој си постигна автогол.  

Фиорентина стигна до четвртиот триумф во Конференциската лига и сега има 12 бода, додека ЛАСК останува на само два бода, доволни за 34. позиција на табелата. 

Турскиот Истанбул Башакшехир славеше со 3-1 над Хајденхајм, Динамо Минск со 2-0 го надигра тимот на Ларне, Копенхаген со истиот резултат славеше над Хартс, додека Серкл Бриж со 1-4 победи на гостувањето кај Олимпија Љубљана.

Бетис се враќа со минимален триумф од гостувањето кај Петрокуб (0-1), ХЈК Хелсинки ремизираше со норвешкиот Молде (2-2), Легија беше поразена на домашен терен од Лугано со 1-2, додека тимот на Ноах во самиот финиш загуби од кипарскиот АПОЕЛ со конечни 1-3.