• Саше Љолес

Управата на Струга Трим Лум се огласи по повод состојбата на нивниот фудбалер Папе Фал, кој доживеа тешка повреда на денешниот натпревар против Тиквеш во Првата македонска лига.
Фал доби силен удар во градите, по што накратко ја загуби свеста, а потоа беше пренесен во болница, од каде информираат дека се наоѓа во стабилна состојба.
Биле извршени сите неопходни лекарски прегледи, по што било констатирано дека играчот може да ја напушти болницата и наскоро ќе се врати во тимот.
За потсетување, Струга Трим Лум загуби на домашен терен од Тиквеш (1-2), со што драстично си ги намали шансите за пласман во евро-куповите следната сезона.






