Составот вреден 705 милиони кој ќе биде на резервната клупа на СП

Осман Дембеле

Голем број на ѕвезди нема да присуствуваат на Мундијалот, најмногу поради неуспехот на нивните репрезентации, но има и такви кои не ги задоволија барањата на своите селектори.

Фудбалските фанови ќе бидат лишени од игрите на Герет Бејл, Алексис Санчез, Јан Облак... Но далеку од тоа дека нема да има доволен квалитет за потребите на навивачите кои ќе имаат чест да гледаат виртуози како Меси, Роналдо и Нејмар во наредните месец дена на терените во Русија.

Конкуренцијата е толку голема во секоја репрезентација што би можела да се формира екипа од резервни фудбалери која би можела да стигне далеку на турнирот.

Таа според „Трансфермаркт“ има вредност од 705 милиони евра и е составена од:

  • Марк Андре тер Штеген (Германија) - 60 милиони
  • Цезар Аспиликуета (Шпанија) - 40 милиони
  • Маркињос (Бразил) - 55 милиони
  • Лукас Фернандез (Франција) - 35 милиони
  • Осман Дембеле (Франција) - 80 милиони
  • Илкај Гундоган (Германија) - 40 милиони
  • Саул Нигез (Шпанија) - 70 милиони
  • Марко Асенсио (Шпанија) - 75 милиони
  • Пауло Дибала (Аргентина) - 110 милиони
  • Роберто Фирмино (Бразил) - 80 милиони
  • Гонзало Игуаин (Аргентина) - 60 милиони