СОСТАВИ: Македонскиот стартен тим во Скадар преполн со дефанзивци

Познат е официјалниот состав на македонската репрезентација за мечот со Албанија. Селекторот Игор Ангеловски се определи за дефанзивен состав и ги остави на клупата за резервни фудбалери Бесарт Ибраими, Иван Тричковски и Илија Несторовски.

Македонија на „Лоро Боричи“ од 20.45 часот ќе истрча во следниот состав:

         Захов

 Жута, Ристевски, Мојсов, Шиков,

Ристовски, Стјапановиќ, Спировски, Алиоски

       Хасани

       Пандев

Со тројца фудбалери во последната линија, нашиот состав делува претпазливо.

Хусеин Гочек од Турција ќе ја дели правдата на натпреварот.