Сосиедад во проблеми, една недела без Давид Силва

Ситните повреди на мускулите станаа честа појава кај фудбалерите. Најголема вина има густиот распоред, поради пандемијата, која донесе голем број натпревари во краток период, со цел да се избегнат финансиски загуби.

Последен на листата повредени е Давид Силва, човекот кој е најзаслужен за одличната форма на Реал Сосиедад. По десет години Шпанецот си замина од Манчестер Сити и се врати во Примера.

Офанзивецот има мала повреда на ногата поради која ќе ги пропушти натпреварите против АЗ Алкмаар во Лига Европа и Виљареал во рамки од шпанското првенство.

Тимот од Сан Себастијан игра фантастично во новата сезона. Моментално стои на врвот на табелата, со два натпревари повеќе во однос на второпласираниот Атлетико Мадрид.