• Зоран Мишевски

Реал Сосиедад останува лидер и по десеттото коло на Примера. Баскијците славеа на теренот на Кадиз со 0-1 (гол на Исак) и го прескокнаа Атлетико Мадрид на врвот.
Валенсија само две недели по убедливата победа над Реал Мадрид, едвај извлече реми во Виторија против Алавес (2-2). Ваљехо и Санмартин ги постигнаа головите во завршната фаза на натпреварот.
Без голови заврши дуелот на Еибар и Хетафе, а Ваљадолид славеше во Гранада со 1-3.
- Кадиз - Реал Сосиедад 0-1:
- Алавес - Валенсија 2-2:
- Гранада - Ваљадолид 1-3:
- Еибар - Хетафе 0-0:
Реал Сосиедад води со 23 бода, пред Атлетико Мадрид со 20 и натпревар помалку, а третопласиран е Виљареал со 19 бода.