ВИДЕО: Сосиедад издржа и со предност патува кај Мирандес во Купот на кралот

Фудбалерите на Реал Сосиедад славеа на првиот полуфинален дуел од Купот на Кралот, над Мирандес со 2-1 (2-1) во Сан Себастијан на реновинараната „Аноета“. Во средба со далеку поинтересно прво, отколку второ полувреме, домаќините добија посакувана предност, пред гостувањето кај второлигашот. 

  • Извештај од натпреварот: 

Уште на самиот старт Реал Сосиедад доби удар од белата точка, кој го реализираше Ојарзабал во деветата минута за предност од 1-0. Се играше отворено, па поради тоа имаше доста шанси на двете страни. 

Гостинската екипа успеа да дојде до израмнување и славје во 39. минута, кога Аиас добро се снајде и ја протна топката кон мрежата на Реал Сосиедад. Сепак, радоста кратко траеше бидејќи само три минути подоцна Мартин Одегард ја врати предноста. На голот му претходеше мешаница и блокиран удар, кој се одби до Норвежанецот, а овој реализираше (2-1). 

Второто полувреме во целост му припадна на Мирандес, кој ја контролираше играта и креираше шанси. Младиот Антонио Санчез беше енигма која одбраната на домаќинот не можеше да ја реши, но во повеќе наврати беше спречен од голманот Ремиро. 

Тимот од Баскија им одолеа на противничките налети и успеа да ја задржи позитивата, за реванш дуелот кој се игра на четврти март на „Мунисипал де Андува“.