ВИДЕО: Сосиедад го најде рецептот за Билбао и по две години слави во баскијското дерби

Фудбалерите на Реал Сосиедад конечно ја прекинаа серијата без победа и по пауза од две години конечно слават во едно големо баскијско дерби против Атлетик Билбао во Примера. Во Сан Себастијан „сино-белите“ го надиграа лутиот ривал и ја продолжија низата триумфи во шпанскиот шампионат (3-1).

  • Реал Сосиедад - Атлетик Билбао 3-1:

Резултатот пред полните трибини на „Реале Арена“ беше отворен во 25. минута, кога Александер Сорлот го совлада Унаи Симон, додека 12 минути подоцна Кубо погоди за комотни 2-0 за домаќинот. Пред крајот на полувремето Атлетик успеа да се врати во игра и Сансет намали на 2-1.

Сепак, во вториот дел Алварез направи глупост и заработи директен црвен картон, а Реал Сосиедад доби најстрога казна. Сигурен реализатор на ударот од единаесет метри беше Ојарзабал за крај на сите надежи на гостите и голема победа на својот тим (3-1).

Важна победа забележа и екипата на Осасуна, која што пред својата публика со минимални 1-0 го совлада составот на Мајорка.

  • Осасуна - Мајорка 1-0:

Најзаслужен за триумфот беше младиот шпански офанзивец Аимар Ороз, кој гостинската мрежа ја стресе во воведните минути од вториот дел. 

Состави

Imanol Alguacil

4-1-3-2

    Ernesto Valverde

    4-2-3-1