• Саше Љолес
Екипата на Атлетико Мадрид минимално го совлада Алавес и победи со конечни 1-0 (0-0) во натпреварот од дваесеттото коло на шпанската Примера.
„Јорганџиите“ на Диего Симеоне ги освоија бодовите со погодокот на Александер Сорлот, кој биеше прецизно во 48. минута, на асистенција на Пабло Бариос. Имаше домаќинот осум зрели шанси, шестпати биеше во рамките на голот, но остана на само еден погодок во гостинската мрежа.
Во секој случај, за Атлетико ова е дванаесетта победа сезонава, со која останува на четвртата позиција, но сега има 41 бод, исто колку и третопласираниот Виљареал. Следен предизвик во Примера ќе биде мечот со Мајорка, исто така на домашен терен.
Алавес останува во опасната зона со 19 бодови и го очекува грчевита битка за опстанок во елитата. Во следното коло ќе се сретне со Бетис пред своите навивачи.





