Сориа повторно е именуван за селектор на боливиската репрезентација

Маурисио Сориa е именуван нов селектор на Боливија, на местото на Гиљермо Анхел Оиса, кој доби отказ по лошите резултати во квалификациите за Мундијалот во Русија 2018 година. 

Боливија е на деветтото претпоследно место во јужноамериканската зона квалификации за Светското првенство во 2018 година и скоро да ги загуби и теоретските шанси за пласман во Русија. 

50-годишниот Сориа ја водеше Боливија во периодот меѓу 2014 и 2015 година. Во својата земја овој еминентен стручњак беше тренер на Боливар, Д Стронгест, Аурора, Вилстерман и Ориенте Петролеро.