• Сашо Поповски

По 11 сезони во Барселона, искусниот кружен напаѓач Седрик Сореиндо ќе ја промени играчката средина.
Негова нова екипа е романски Динамо Букурешт. 36-годишникот освои 53 титули во редовите на каталонскиот гигант, бројка која може да порасне до крајот на тековната сезона.
@cesorhaindo - Barça
11 temporadas
53 títulos
Segundo capitán del equipoFin a una gran relación
https://t.co/kKwfLsjBYa pic.twitter.com/EXwPv5Sku8— Barça Handbol (@FCBhandbol) March 29, 2021
Минатото лето Французинот доби едногодишен договор од Барса, кој му завршува на 30 јуни. Со оглед на големата конкуренција, очекувана беше оваа одлука на вториот капитен на шпанскиот тим.
Пред да пристигне во „Палау Блауграна“, Сореиндо играше во ПСЖ и Тулуз.