• Иван Димовски
Сопствениците на Џенова, компанијата „777 Партнерс ЛЛЦ“ направи аквизиција на нов европски клуб.
Се работи за белгијскиот десеткратен првак Стандард Лиеж. Самиот клуб потврди дека компанијата, која има седиште во Мајами, го купи поголемиот дел од акциите од досегашниот сопственик Бруно Венанзи.
„777 Партнерс со задоволство го прифати новиот предизвик да му помогне на клубот да го продолжи развојот и да ја врати својата некогашна слава“, соопштија од Стандард.
Последен пат на тронот во Белгија, екипата на Стандард се искачи во 2009 година. Оваа сезона клубот се наоѓа на тринаесеттата позиција и е далеку од старата слава. Сепак, фановите се надеваат дека новите сопственици ќе вложат повеќе и Стандард ќе изгради респектабилен тим.
Американските сопственици на Џенова не успеаја да направат разлика во Серија А. Поранешниот тим на Горан Пандев се мачи и се бори за опстанок неколку сезони во низа, но сепак давачките и стандардот во белгијскиот фудбал се пониски. Покрај Џенова, Џош Вандер кој е сопственик на компанијата има и мал дел акции во Севиља, а неодамна сакаше да го купи и бразилски Васко да Гама.