Соопштение од ПСЖ: Нема да го менуваме нашиот став за Суперлигата!

Францускиот гигант, Пари Сен Жермен, официјално објави дека нема намера да учествува во новата Суперлига, која е огромна желба на три европски клубови - Реал Мадрид, Барселона и Јувентус. 

„Светците“ се приклучија на многу гиганти кои веднаш ја отфрлија можноста за настап во Суперлигата и излегоа со официјално соопштение за јавноста и медиумите. 

„Во целост ја отфрламе идејата за наше учество во Суперлигата. Таа одлука стои од првиот ден и сметаме дека нема потреба ништо да менуваме во тој поглед. Како горда европска фудбалска институција, ПСЖ го поддржува начелото на европскиот фудбал и сите легитимни организации кои работат за доброто на овој спорт“, стои во краткото соопштение. 

Европската Суперлига е проект начелно осмислен од 12 фудбалски гиганти, но со текот на времето, повеќето се откажаа од оваа идеја која наиде на силна контра-офанзива од УЕФА. Меѓу клубовите кои го откажаа своето учество се Манчестер Јунајтед, Севиља, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.