• Мартин Танасковски
Бразилската ѕвезда Нејмар ќе се најде на прелиминарниот список на Бразил за Светско првенство, пренесува новинарот Диого Дантас од „O Globo“.
Новиот селектор Карло Анчелоти треба да го достави поширокиот список од 55 фудбалери на 11 мај, додека конечниот состав ќе биде објавен на 18 мај.
Нејмар нема настап за Бразил уште од октомври 2023 година, кога заработи сериозна повреда на натпреварот против Уругвај.
Во текот на 2026 година, офанзивецот одигра 12 натпревари за Сантос, со учинок од пет голови и три асистенции, но честите паузи поради физички проблеми и натаму отвораат дилеми околу неговата подготвеност за Мундијалот.
На прелиминарниот список се наоѓа и големиот бразилски талент Естевао, кој моментално се опоравува од повреда. Од друга страна, Едер Милитао и Родриго сигурно нема да бидат дел од конечниот состав на Бразил за Светското првенство.











