Сонот за голем клупски трофеј неостварен: Гризман е светска класа, но и голем малер!

Антоан Гризман, еден од најдобрите фудбалери во модерниот фудбал, без трофеј за кого сонуваше ќе ја заврши својата блескава кариера во Атлетико Мадрид. Францускиот ас, синоќа го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите како член на мадридскиот гигант и поразот од Арсенал во реваншот од полуфиналето значеше и крај на сите надежи за трофеј.

Покрај неуспехот во европската елита, Гризман со Атлетико не успеал да освои трофеј ниту во Купот на Кралот, ниту во домашниот шампионат, Примера. 

Летово Французинот се сели во САД, во екипата на Орландо, а со Атлетико ги освои само Лига Европа и по еднаш шпанскиот и европскиот Суперкуп. Во Лигата на шампионите играше едно финале и го загуби од Реал Мадрид, додека не го подигна трофејот од Примера и како играч на Атлетико и како на Барселона. Токму во таа една сезона кога Гризман го носеше дресот на каталонскиот тим, Атлетико стана првак на Шпанија. Едноставно човекот е голем фудбалер, но и голем малер.

Своето збогување со фановите на Атлетико Мадрид наместо во финалето во Будимпешта ќе го има на натпреварот со Виљареал во Примера. 

Состави

Микел Артета

4-2-3-1

    Диего Симеоне

    4-4-2