• Горан Упале

Искусниот голман на репрезентацијата на Зеленортските Острови, Возиња, кариерата ќе ја продолжи во редовите на чилеанскиот гигант Коло Коло.
Четириесетгодишниот чувар на мрежата беше еден од најзабележителните голмани на последното Светско првенство, каде што имаше голема заслуга за историскиот успех на својата репрезентација. Зеленортските Острови ја минаа групната фаза, а потоа беа елиминирани од Аргентина во осминафиналето со минимални 1-0.
„Отсекогаш верував дека заслужувам да играм за голем клуб. Кога пристигна понудата од Коло Коло, немав никаква дилема. Имав и други понуди, но ова беше мојот прв избор“, изјави искусниот голман.
Возиња во Коло Коло пристигнува како слободен играч по разделбата со португалскиот Шавеш. Во својата богата кариера настапуваше и во клубови од Ангола, Кипар, Молдавија и Словачка.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

