• Горан Упале
Јужноамериканските квалификации за следното Светско првенство завршија. Познати се шесте директни патници на Мундијалот, како и селекцијата која што ќе игра бараж. До почетокот на последното коло речиси никој не веруваш во вакво сценарио, но во фудбалот честопати се случуваат чуда. Венецуела имаше бод предност во однос на Боливија и домашен дуел против веќе пласираната Колумбија, додека „зелените“ ги чекаше натпревар со Бразил.
Овие две селекции се бореа за седмото место на табелата, она кое што води во баражот, а на крај тоа им припадна на фудбалерите на Боливија. Бразил падна во Ел Алто на над 4.000 метри надморска височина, додека Венецуела го загуби лудиот натпревар со Колумбија (3-6) и остана без шанси за пласман на планетарниот собори.
На тој начин Боливија ќе настапи во меѓународниот плеј-оф, кој ќе се игра на крајот на март во Северна Америка.
Аргентина, Еквадор, Колумбија, Уругвај, Бразил и Парагвај ќе ги гледаме на следниот Мундијал, додека Венецуела, Перу и најголемото разочарување, Чиле, останаа под линијата.






