Сонг: Разочаран сум - најважни се деталите, моравме да останеме фокусирани до крај

Африканскиот фудбал останува без постигнат гол на Светското првенство, откако Камерун им се приклучи на Тунис, Сенегал и Мароко и не го најде патот до мрежата на Швајцарија

И ако Мароко и Тунис не ни примија гол и освоија бод, момците на Ригоберт Сонг беа невнимателни на почетокот на вториот дел и Емболо од Монако (роден Камерунец кој игра за Швајцарија) тоа немилосрдно го казни.

„Имам чувство на разочарување. Сакавме повеќе, но знаете, врвниот фудбал е полн со детали. Имаше опуштање, па примивме ефтин гол... Во оваа фаза резултатот е важен и се доведовме во ситуација сите наредни натпревари да бидат решавачки.

Во однос на играта креиравме шанси кои не ги искористиме, тоа е фудбалот. Но, знаеме дека сè уште сè е можно. Сакам да им честитам на играчите, но и да разберат како е да се игра на врвно ниво. Тука се најважни деталите, треба да останете фокусирани од почеток до крај“, изјави Сонг.

Фудбалерите на Камерун во второто коло на Светското првенство во Катар на 28 ноември ќе играат против Србија.

Состави

Мурат Јакин

4-2-3-1

    Rigobert Song Bahanag

    4-1-4-1