ВИДЕО: Сон ли е или Марадона? Нестварен гол на корејскиот генијалец

По поразот од Манчестер Јунајтед, Тотенхем на Жозе Мурињо се враќа на победнички колосек. По првиот дел „петлите“ водат против Барнли со 3-0, а моментот кој го одбележа овој прв период е генијалниот гол на Сон.

Корејскиот интернационалец ја прими топката на својата половина, ја помина целата гостинска одбрана и во стилот на Марадона ја заврши ефектната акција со гол.

  • Генијалниот гол на Сон против Барнли: 

Стрелци на останатите два гола за Тотенхем се Хари Кејн и Лукас Моура