• Горан Упале
Капитенот на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин, денес се збогува со својот клуб и наскоро ќе се упати кон САД. Како што е познато, Лос Анџелес ќе биде новиот клуб на јужнокорејскиот интернационалец, кој во наредните денови ќе отпатува во Калифорнија на прегледи и потпишување договор.
Но, позната е и висината на обештетувањето, бидејќи Сон имаше уште една година од договорот со Тотенхем. Лос Анџелес ќе плати помеѓу 17 и 23 милиони евра, сè зависи од потенцијалните бонуси.
Не е невозможно трансферот на Сон да биде рекорден во МЛС, бидејќи најголемото доаѓање досега беше Емануел Латео Лато во Атланта за 19 милиони евра.
Сон го избра Лос Анџелес за да ја помине сезоната таму пред Светското првенство следната година во САД, Канада и Мексико. Тој играше за Тотенхем полни десет години и дефинитивно си замина како една од најголемите легенди на клубот.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.









