ВИДЕО: Сон и Корејците нема да одат во војска, ја победија Јапонија!

Репрезентативците на Јужна Кореја водени од ѕвездата Хјонг-Мин Сон успеаја да победат во финалето на Азиските игри против Јапонија (2-1), со што ја решија и својата судбина - нема да мора да одат во војска и да ја прекинуваат својата кариера.

Во Кореја постои закон кој гласи дека до 28 години, задолжително е да се мине 21 месец во војска. Според законите на Јужна Кореја еден спортист ќе биде помилуван да не оди во војска само доколку има освоено трофеј бранејќи ги боите на својата земја, а токму тоа денес го направија фудбалерите. 

Сон како капитен ја водеше селекцијата до триумф, во продолженијата. Регуларниот дел заврши 0-0, додека во екстра-времето погодија Ли Сјонг-Ву и Хванг Хи-Чан, во 93. и 101. минута, за предност на Кореја од 2-0. Поразот на Јапонија го ублажи Уеда во 115. минута.

Доколку не ги освоеја Азиските игри, фудбалерите на Кореја ќе мораа да победат на Светското првенство (СП), што е, практично, невозможно.