ВИДЕО: Сон е херојот на Мурињо кој го „реши“ расположениот Барнли

Тотенхем на Мурињо ја продолжи добрата серија и славеше нов триумф, овојпат на гостувањето кај Барнли со 0-1 (0-0) во мечот од шестото коло на Премиер лигата. Домаќинот на „Турф Мор“ пружи силен отпор и прикажа одлична партија, ама не успеа да го совлада Лорис, па казната стигна во финишот преку Хеун Мин Сон. 

  • Извештај од натпреварот:

Избраниците на Дајш, иако немаа контрола на топката, подобро ги користеа своите шанси и беа далеку поопасни од „петлите“. Ешли Барнс постигна и погодок, ама истиот беше поништен проади офсајд. До полувремето Барнли можеше да поведе и преку Вествуд, ама Хуго Лорис прикажа присебност и го одбрани ударот. 

И по паузата, домаќинот прв се закани преку Тарковски чиј шут со глава беше блокиран. Хеунг Мин Сон го најави својот погодок пред корнерот од кој Тотенхем поведе, бидејќи беше во шанса и изнуди дефанзивна реакција. 

Ламела го изведе ударот од аголот, нафрли на пеналтикот до Хари Кејн, кој ја префрли топката на втората статива каде се најде Сон и со глава ја смести во мрежата на Ник Поул за 0-1 во 76. минута. Тотенхем по постигнатиот погодок одигра мудро и не дозволи никакво изненадување, па на крајот ги освои трите бода.