ВИДЕО: Сомнителна ВАР одлука во Австралија, дали на Јужна Кореја ѝ е украдена победата?

Фудбалерите на Австралија и Јужна Кореја одиграа супер-возбудлив пријателски натпревар во Бризбејн, кој на крај заврши без победник 1-1. 

Гостите со голот на Еуи-Јо поведоа во 22. минута, а потоа следуваше вистинска опсада пред голот на Корејците, која вроди со плод дури во 94. минута, кога на 1-1 израмни Лунго. Домашниот играч за врска најдобро се снајде пред голот на противникот и ја смести топката во празната мрежа, но овој гол крена многу прашина околу регуларноста.

Пред домашната „осумка“ да донесе радост во Бризбејн, дури четворица Австралијани беа во офсајд, а од нив двајца му попречуваа на гостинскиот голман Ким да интервенира, но и покрај прегледаните снимки голот беше признат.

Погледнете ја целата ситуација и сами одлучете дали Јужна Кореја е оштетена за победа: