• Иван Димовски
Аргентинската репрезентација го крена трофејот на Копа Америка вторпат во низа, а во финалето со 1-0 ја совлада Колумбија по продолженијата. Со голот на Лаутаро Мартинез во 112. минута „гаучосите“ дојдоа до нов репрезентативен трофеј.
Во ова финале на националниот тим само делумно му помогна Лионел Меси, бидејќи во 66. минута мораше да биде заменет поради повреда. Откако седна на клупата големиот шампион не можеше да ги запре емоциите и солзите. Меси се расплака веројатно чувствувајќи немоќ да помогне при резултат 0-0.
<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Меси во драматичен плач и со потечен зглоб ја заврши последната Копа Америка
Покрај тоа, на социјалните мрежи се појави фотографија од повредениот десен зглоб на Аргентинецот. Тој не изгледа воопшто добро и има огромен оток, па повредата не е така наивна.