ВИДЕО: Солзите на Меси го обиколија светот, феноменот конечно се радува со Аргентина

Меси Лионел

Аргентина го доби големото дерби во финалето на Копа Америка и минимално го совлада Бразил на „Маракана“. Стрелец на единствениот погодок и херој на „гаучосите“ беше Анхел Ди Марија.

>>> ВИДЕО: Аргентина го прекина проклетството и на „Маракана“ ја грабна Копа Америка

Радоста кај Аргентинците беше неизмерна, особено кај првата ѕвезда Лионел Меси. Еден од најдобрите фудбалери во историјата конечно освои голем трофеј со својата репрезентација, а колку му значи овој успех, покажа со солзите по конечниот судиски свиреж.

Меси освоил сè што може да се освои на клупско ниво со Барселона, но никогаш не се радувал во дресот на Аргентина. Поради тоа овој трофеј е толку емотивен за него и неговите најблиски.

Во претходните обиди аргентинскиот ас доживеа болни порази. Особено на Мундијалот во 2014 година и финалните натпревари во Копа Америка во три наврати, по кои на момент одлучи да замине во репрезентативна пензија.