ФОТО: Солзи на „Алијанц“, крај на една ера – „Робери“ се збогува со Минхен!

Екипата на Баерн Минхен од наредната сезона ќе остане без две фудбалски икони, затоа што Франк Рибери и Аријен Робен, двете брзоноги крила кои со достоинство ги бранеа боите на клубот во изминатите сезони, си заминуваат.

Популарното дуо наречено „Робери“ е веќе во години, па Баерн Минхен не го продолжи договорот со нив. Следеше разделба и многу емоции на „Алијанц Арена“. Двајцата фудбалери пуштија солзи, а навивачите им приредија спектакуларна кореографија.

Рибери е еден од фудбалерите со најдолг стаж во германскиот првак, во чии редови пристигна во далечната 2007 година од Олимпик Марсеј. Робен, пак, во Минхен пристигна во 2009 година од Реал Мадрид.

Од клубот истакнаа дека во 2020 година планираат епски натпревар во чест на двајцата свои најверни фудбалери од актуелниот состав.