Солскјер: Во тимот сега го имаме „новиот Пол Сколс“

Манчестер Јунајтед оваа зима се засили со Бруно Фернандеш од Спротинг Лисабон, играч за кого тренерот Оле Гунар Солскјер има пофални зборови.

Предводникот на „црвените ѓаволи“ вели дека Фернандеш е квалитетен играч и дека во него го гледа „новиот Пол Сколс“.

„Ме потсетува на Сколс како играч, но и на друг тип на личност надвор од теренот. На пример на мечот против Клуб Бриж шеташе околу клупата и десет минути им даваше совети на соиграчите. Тој е диригент, лидер и роден победник. Ме импресионираше“, изјави Солскјер.

Португалецот за Манчестер Јунајтед досега одигра три натпревари и вчера од пенал го постигна дебитантскиот гол во победата од 3-0 против Вотфорд.