Солскјер: Титула во ЛЕ ќе значи многу за моите фудбалери

Оле Јунајтед

Манчестер Јунајтед замина за Германија каде ќе се соочи со Копенхаген во четвртфиналето од Лига Европа. Премиерлигашот ќе биде голем фаворит за пласман во следната фаза, а е меѓу главните кандидати за титулата во ова натпреварување.

Тоа би значело многу за фудбалерите, најави Оле Гунар Солскјер на прес-конференцијата пред натпреварот.

„Се наоѓаме во чудни времиња. Фудбалот не е ист како порано, фалат детали кои го прават најважна споредна работа на светот.

Меѓутоа што е тука е. Ние ќе се обидеме да ја искористиме ситуацијата за да стигнеме најдалеку што можеме. Титула во Лига Европа би значела многу за моите фудбалери, кои направија голема работа во овие несекојдневни услови за игра“, вели норвешкиот тренер.

Јунајтед обезбеди место во Лигата на шампионите со пласманот на четвртото место во Премиер лигата. Тоа значително го намалува притисокот врз „црвените ѓаволи“ во пресрет на завршницата од Лига Европа.