Солскјер со порака да фудбалерите: Некои мораат да се вратат во реалноста! 

По елиминацијата од Барселона во Лигата на шампионите, на Манчестер Јунајтед му преостана само борбата за третата и четвртата позиција на табелата во Премиер лигата. „Ѓаволите“ за местата кои водат во Лигата на шампионите идната сезона ќе се бори со Челзи, Арсенал и Тотенхем, кои за разлика од нив сè уште се „живи“ на европско тло и ќе играат полуфинале на Лигата на шампионите, односно Лига Еврооа. 

Следен предизвик за Јунајтед е тимот на Евертон, а во пресрет на дуелот на „Гудисон Парк“ Оле Гунер Солскјер се реши јавно да испрати порака до своите фудбалери. 

„Многу научив од нив во овие месеци заедничка работа. Повеќето од нив имаат импресивен став, но има такви кои мораат да се вратат во реалноста. Сите знаат дека доколку сакаат напредок во своите кариери ќе мораат да работат напорно и максимално да бидат посветени, како на натпреварите, така и на тренинзите“, вели Норвежанецот. 

Оле не сакаше да открие за кои фудбалери мисли дека треба да се вратат во реалноста, а англиските медиуми шпекулираат дека мислел на Марсиал, Рашфорд и Лукаку.