Солскјер смета дека поразот од Ливерпул е чекор напред за Манчестер Јунајтед

Оле

Норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер уверува дека неговиот тим чекори напред на секој одигран натпревар. Тоа според него го направил и на поразот од Ливерпул, во големото англиско дерби на „Енфилд“.

Манчестер Јунајтед беше во игра за бодови до последните минути, кога Мохамед Салах ги реши сите дилеми и погоди за конечни 2-0.

„Загубивме од Ливерпул. За противникот сите велат дека е фантастичен, а ние бевме во игра до последната минута. Според мене, тоа е чекор напред за тимот. Секако дека сме разочарани што загубивме и не сакаме да тонеме на табелата, но се наоѓаме на вистинскиот пат, тоа е сигурно“, вели предводникот на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед настапи без неколку клучни фудбалери, меѓу кои беше и Маркус Рашфорд. 22-годишникот го повреди грбот и се очекува да биде надвор од терените во наредните месеци.

Следен противник за екипата од „Олд Трафорд“ е Барнли.