Солскјер потврди: Роналдо ќе добие минутажа против Њукасл

Роналдо Јунајтед

Оле Гунар Солскјер соопшти убави вести за сите навивачи на Манчестер Јунајтед. Норвешкиот стратег потврди дека Кристијано Роналдо, последното засилување на тимот, ќе настапи на дуелот со Њукасл Јунајтед овој викенд.

Португалецот се враќа на „Олд Трафорд“ по дванаесет години. Фудбалскиот свет со нетрпение го очекува неговото второ деби во дресот на премиерлигашот.

Роналдо имаше добра претсезона со Јувентус, играше и за националниот тим. Тој тренираше добро со нас оваа недела и дефинитивно ќе биде денес на теренот во одреден момент.

Знаеме што има постигнато во кариерата, но тој дојде тука за да постигне уште повеќе и да постави нови стандарди. Тоа е она што го прави голем фудбалер. Не можете да дојдете на тренинг и да дадете 95% и да не бидете сконцентрирани. Тој тоа го очекува од себе и од другите“  изјави Норвежанецот.

Њукасл е една од омилените екипи за постигнување голови од првата етапа на Роналдо во Јунајтед. Фановите се надеваат дека дебито ќе успее да го зачини со нов погодок и тоа на домашен терен.