ВИДЕО: Солскјер подобар од Руни, Јунајтед започна со победа над Дерби

Манчестер

Манчестер Јунајтед го отвори подготвителниот период со победа над Дерби Каунти на Вејн Руни (1-2).

Очекувано беше Оле Гунар Солскјер и неговиот колега на спротивната страна да комбинираа во своите состави. На крај поуспешен беше Норвежанецот, кој победнички ги започна подготовките.

  • Извештај од натпреварот:

Младиот Тахит Чонг постигна погодок во 17. минута и донесе водство за „црвените ѓаволи“. Противникот бараше игра со рака, но судијата покажа дека голот е регуларен и покажа на центарот.

По еден час игра во листата на стрелци се запиша Факундо Пелистри, а поразот го ублавжи Колин Казим-Ричардс. Дерби имаше неуспешни обиди во финишот за да избегне негативен резултат.

Премиерлигашот ќе одигра уште четири контролни натпревари, пред да ја отвори сезоната во Премиер лигата на 14 август против Лидс Јунајтед на домашен терен.