Солскјер: Ова е најцрниот ден откако дојдов во Манчестер Јунајтед!

Оле

Оле Гунар Солскјер ќе работи под исклучително висок притисок во наредниот период. Секој нов кикс на Манчестер Јунајтед ќе значи потенцијален отказ за норвешкиот стратег.

Ливерпул му зададе голем удар на ривалот и победи со неверојатни 0-5 на „Олд Трафорд“. Предводникот на „црвените ѓаволи“ по историскиот пораз побара од играчите да не се откажуваат во овој тежок момент.

„Не може многу да се каже. Ова е најцрниот ден откако дојдов овде. Не одигравме доволно добро. Одговорноста е моја. Јас сум тој што го подготви тимот за таква игра.

Минатата сезона загубивме од Тотенхем со 6-1, но ова е многу полошо. Ова е многу полошо за навивач на Јунајтед како мене. Можам само да кажам дека ќе се обидеме да се поправиме од ова најбрзо што можеме. Фудбалерите ќе бидат тажни, но имаме лидери за да не дозволиме тимот да се откаже во овој момент“, рече Солскјер.

Јунајтед има три порази на последните четири меча во домашниот шампионат. Конкуренцијата го искористи тоа за да се одлепи и да направи разлика на табелата.

Следниот натпревар за избраниците на Солскјер носи гостување кај Тотенхем.

Состави

Оле Гунар Солскјер

4-2-3-1

    Јирген Клоп

    4-3-3