Солскјер направи промена, постави нов „пеналџија“ во Јунајтед

Оле Гунар Сослкјер, тренерот на Манчестер Јунајтед, по ремито со Вулверхемптон (1-1) и промашениот пенал на Пол Погба реши да направи промена и да го смени „пеналџијата“.

Французинот во иднина нема да има дозвола да шутира пенали, откако не реализира од белата точка за можен триумф на „ѓаволите“.

Одговорноста во иднина ќе му припадне на Маркус Рашфорд, кој оваа сезона шутна еден пенал и даде гол.

Причината за промената на Погба е тоа што Оле гледа несигурност во него. Францускиот репрезентативец во една година промашил дури четири пенали.