Солскјер: Јас сум поинаков од другите, сакам да го повредам ривалот како гостин!

Дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона ќе биде во фокусот на вниманието на Европа. „Ѓаволите“ направија сензација во претходното коло, па така, и оваа рунда ќе треба да се надминат себеси, а тренерот Оле Гунар Солскјер едвај чека на предизвикот.

>>>ПОВРЗАНО - Солскјер ќе се врати на „Камп Ноу“ по 20 години од епското финале против Баерн

Јунајтед требаше првиот меч да го игра на гостински терен, меѓутоа дојде до промена, поради барањето на УЕФА двата клуба од Манчестер да не играат во исто коло на домашен терен. Солскјер вели дека не се плаши што реваншот е на „Камп Ноу“ и дека ужива кога ги „повредува“ противниците пред нивната публика.

„Ги сакаме натпреварите со големите екипи. Игравме финале со Барселона во 2009 и во 2011 година, како и полуфинале во 2008 година, кога Пол Сколс даде гол. Јас размислувам поинаку од другите тренери, да кажеме од 99% од нив. Повеќе сакам гостувања. Како што беше она во Париз. Ако имате солиден резултат дома, тогаш можете да го повредите ривалот во реваншот. Исто како што ние му направивме на ПСЖ“, изјави Солскјер.

Досега, двете екипи во европски натпреварување се имаат сретнато 11 пати, Барса победила четири пати, Јунајед трипати, додека без победник завршиле четири натрпевари.

  • Меѓусебни дуели на Манчестер Јунајтед и Барселона: 

Интересно е тоа што Барса никогаш не го елиминирал Јунајтед во еден двомеч, но раните на „црвените ѓаволи“ сè уште се отворени од загубените финалиња во Рим и Лондон. 

Првиот натпревар меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона се игра на „Олд Трафорд“ на 9 април, додека реваншот ќе биде во Барселона.