Солскјер: Јанг Бојс ни е чекор назад, но можеме да се вратиме

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед по двете победи во низа во Премиер лигата, се „лизна“ на отворањето на Лигата на шампионите, откако загуби на гостувањето кај Јанг Бојс со 2-1.

Менаџерот Оле Гунер Солскјер вели дека реакциите од јавноста по овој пораз се очекувани, но верува во квалитетите на тимот и во пласманот во осминафиналето.

„Секако дека очекувате реакција после ова. Однесувањето е очекувано. Бевме фокусирани на натпреварот, но на крај сме малку разочарани. Знаеме дека тоа беше чекор наназад и следниот пат треба да бидеме подобри. Имаме уште пет натпревари за да стигнеме до посакуваните 10/12 бода кои ни се доволни. Ова не е почеток што го сакавме, но имаме добар тим што може да се врати“, рече Оле.

Следен чекор на „ѓаволите“ ќе биде двомечот со Вест Хем, првиот в недела во рамки од Премиер лигата, а потоа на 22 септември во Лига Купот.

Состави

David Wagner

4-4-2

    Оле Гунар Солскјер

    4-4-2