Солскјер: Изгледаше дека ќе освоиме бод од еден тежок меч, но...

Оле

Манчестер Јунајтед загуби на гости кај Јанг Бојс на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите. Грешката на Џеси Лингард, кој во вториот дел го замени Кристијано Роналдо, беше кобна за премиерлигашот, кој си замина дома со празни раце.

>>> Ладен туш за Јунајтед: Јанг Бојс во последната секунда запиша голема победа! (ВИДЕО)

Тренерот Оле Гунар Солскјер ја продолжи лошата серија резултати во елитното натпреварување. По мечот очекувано беше разочаран од начинот на кој што неговата екипа ги загуби бодовите.

„Изгледаше како добро заработен бод и добар резултат од еден тежок меч. Кога ќе го постигнете првиот гол, мислите дека имате голема шанса, доволно е да го добиете натпреварот, но за жал тоа мислење секогаш ќе има влијание врз играта во продолжението.

Ни требаат 12 бода за да поминеме. Треба да ги победиме домашните натпревари, да победиме на гостински терен и да се пласираме во нокаут фазата. Секако дека ова е пропуштена можност, но минатата година ги победивме нашите први два натпревари против ПСЖ и РБ Лајпциг и сите мислеа дека сме поминале. Имаме пет натпревари за да освоиме десет или дванаесет“, смета норвешкиот стратег.

Роналдо погоди за водство во раната фаза од мечот. Потоа Арон Ван-Бисака заработи црвен картон, што беше клучен момент на мечот и причина домаќинот да ја преземе играта и да направи пресврт.

Состави

David Wagner

4-4-2

    Ole Gunnar Solskjaer

    4-4-2