Солскјер има шест желби, а за нив ќе добие 200 милиони фунти

Солскјер имиња

Крајот на тековната сезона ќе каже многу за чекорите кои Манчестер Јунајтед ќе ги преземе во текот на летниот период.

Иако тимот се бори за трофеј, Оле Гунар Солскјер веќе месеци наназад размислува за наредната сезона и изгледот на неговата екипа. Тој има своја листа на желби за кои според англиските медиуми ќе добие 200 милиони фунти.

Норвежанецот е заинтересиран за младиот Џејдон Санчо, а тука се уште и талентираните Деклан Рејс, Калум-Хадсон Одои и Арон Ван-Бисак. Меѓу приоритетите ќе бидат уште и Калиду Кулибали и Идрис Геј.

Очигледна е намерата дека „црвените ѓаволи“ сакаат да го подмладат ростерот. Но, многу ќе зависи и нивниот конечен пласман во Премиер лигата, каде се борат за директен пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.

Евентуален неуспех ќе донесе големи промени и можеби поинаков пристап на трансфер пазарот.