Солскјер им се исповедал на фудбалерите: Ќе ме отпуштат ако загубиме од Тотенхем...

Оле Тотенхем

Големото дерби против Тотенхем ќе биде последна шанса за Оле Гунар Солскјер да ја зачува тренерската работа во Манчестер Јунајтед.

На гости му доаѓа тимот кој од неодамна го ангажира неговиот претходник Жозе Мурињо. „Петлите“ од северен Лондон ќе атакуваат на четврта победа во исто толку натпревари со новиот тренер, а доколку тоа се случи се очекуваат промени кај гигантот од „Олд Трафорд“.

Четирите победи на 14 натпревари во новата сезона од Премиер лигата се разочарувачки за челниците на клубот, кои немаат повеќе трпение со норвешкиот стратег. Наводно, поранешниот голгетер на „црвените ѓаволи“ им кажал на фудбалерите дека отказот е неизбежен, ако екипата запише негативен резултат против Тотенхем.

Еден од кандидатите за местото на Солскјер е поранешниот стратег на лондончани, Маурицио Почетино. Аргентинецот најавува дека сака да направи пауза од фудбалот, со цел да се врати свеж и подготвен за новиот предизвик, па англиските медиуми не веруваат во ваков расплет.

Дербито во Манчестер се игра в среда со почеток од 20:30 часот.