Солскјер го сака и Кунде од Севиља

Варан Кунде

Манчестер Јунајтед наскоро ќе го претстави Рафаел Варан на „Олд Трафорд“ како дефанзивно засилување ова лето.

Но, тоа нема да биде единственото дефанзивно засилување кое Оле Гунар Солскјер ќе го бара од управата. Наводно, норвешкиот стратег се насочил кон талентираниот Жул Кунде. Францускиот фудбалер, кој беше дел од репрезентацијата на овогодишното Европско првенство, важи за еден од најдобрите млади дефанзивци на денешницата. Многу клубови, како Челзи, Реал Мадрид и Тотенхем, веќе се поврзуваат со неговото име.

Андалузиската екипа не сака да остане без услугите на Французинот. Тој има договор со екипата во трајност до летото 2024 година.

Меѓутоа, Јунајтед ќе притиска да се склучи соработка во наредните неколку недели, поточно пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.